Струга, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Големиот христијански празник Богојавление – Водици денес се одбележа и во Струга.
Годинава најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше Стефан Мечкароски од Струга го фати Светиот крст во водите на Црн Дрим.
Верниците и годинава порачаа сите заедно да помогнеме и да подадеме рака за сите кои се молат и веруваат во Бога. Очекуваат здравје, но и духовен и мирен живот.
Во ладните води на Црн Дрим, денес по Светиот крст во Струга скокаа стотина верници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ЦК Струга
Прочитано: 4