Охрид, 19. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Свети Вукол, епископ Смирненски.
Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа.
Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост.
Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа. (Крај)
извор: Слободен печат фото: Слободен печат
Прочитано: 50