СВР Охрид: Во сообраќајката кај Ботун настрадаа момче и девојка од Кичево на возраст од 22 и 21 години
ноември 29, 2024

Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти ноември 2024 година, во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, во атарот на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил марка „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.

– По преземени мерки, констатирано е дека, 22-одишно момче и една година помлада девојка, двајцата од Кичево, починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука