Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денешниот ден го чествуваат во знак на почит кон Света Екатерина.
Таа потекнуваше од царски род. Татко и умре наскоро по нејзиното раѓање, па така таа остана да живее со мајка си во Александрија. Беше одлично школувана и надарена со голема телесна убавина.
Мајка и која беше потајно христијанка ја научи на верата во Христа.
За време на гонењето на Максентиј, кога света Екатерина имаше 18 години беше изведена пред суд и погубена заради нејзината истрајност во верата. Пострада во 310 година.
Нејзините чудотворни мошти се пазат во Синајскиот манастир што го носи нејзиното име.
Мошне е позната и почитувана и во Македонија, особено заради силните врски на македонската Црква со Синајскиот манастир. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива