Мадрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за натпревари при фудбалскиот сојуз на Шпанија ја казни екипата на Севилја, поради навредите кои нејзините навивачи му ги упатија на Серхио Рамос на натпреварот во купот на кралот одигран на 12.јануари.
Како што соопшти комисијата, Серхио Рамос во текот на целиот натпревар бил навредуван од страна на домашните ултраси.
Според комисијата затворени ќе бидат два сектори на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ каде натпреварите ги следи навивачката група за која и од полицијата потврдиле дека се работи за насилничка група. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 43