Севилја, 1. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Севилја ќе остане без досегашниот спортски директор Рамон Родригез-Мончи, кој постигна согласност со управата за заминување од клубот на крајот од сезонава.
Мончи важи за вистински волшебник поради начинот на кој раководеше со трансферите на Севилја, успевајќи да избере засилувања за малку пари кои потоа прераснуваа во мегаѕвезди и скапо им ги продаваше на гигантите ширум Европа.
Екипата на Рома речиси сигурно ќе биде новиот предизвик во директорската кариера на Мончи откако „волчицата“ пред извесно време се пофали дека преговорите се во завршна фаза. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 10