Рига, 1. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот стратег Гоце Седлоски го имаше своето официјално деби на клупата на летонска Рига и доживеа несреќен пораз.
Уште во првото коло од летонскиот шампионат се сретнаа фаворитите за врвот Лиепаја и Рига, а тимот на македонскиот стратег доживеа минимален пораз (0-1) со гол примен во 93. минута. Стрелец за Лиепаја беше Зарате кој погоди пред самиот судиски свиреж за крај.
Седлоски и Рига ќе одат на „поправен“ наредното коло на домашен терен против РФС. (Крај)
извор: gol.mk фото: архива
Прочитано: 21