Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Театарската импровизација „Импровокација“ оваа сабота ќе ја претстави седмата епизода од новата втора сезона.
Изведбата пред охридската публика ќе биде на 13-ти мај со почеток во 21:00 часот, а претставата ќе се игра во керал сцената на Народен Театар Охрид.
Картите по цена од 150 денари се веќе пуштени во продажба во музичката продавница „Зи Зи Топ“. На денот на шоуто цената на картите ќе изнесува 200 денари.
Играат актерите: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 27