Скопје, 03. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во скопското село Драчево, на седумчлено семејство му се потребни средства за основна егзистенција.
Семејството живее во куќа со само една соба, а родителите, заедно со петте деца спијат сите заедно на еден кревет.
Семејството нема никакви примања, а ни основни средства за живот. Немаат тоалет, туку само полско вц. Кровната конструкција на нивната импровизирана куќа, во секој момент може да падне.
Најголемиот син е одличен ученик, а на училиште оди со велосипед.
Неколку јавни личности од македонската музичка сцена случајно се нашле во близина на домот на ова семејство и ја повикуваат јавноста за се покрене акција за помош на семејството. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Тања Царовска
Прочитано: 2