Скопје, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската А репрезентација на 24. март во Вадуц против Лихтенштајн ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 5. коло во Г групата од мундијалските квалификации и за контролниот дуел против Белорусија.Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Лихтенштајн и пријателскиот со Белорусија на 28. март во Скопје се повикани 22 играчи.
Селекторот Ангеловски за пресметката со Лихтенштајн не може да смета на Езџан Алиоски, фудбалерот на Лугано е суспендиран за тој натпревар поради жолти картони. (Крај)
извор: ФФМ фото: архива/ффм
Прочитано: 16