Скопје, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонската канцеларија на ТАКСО на 7-ми април во Скопје ќе организира семинар за граѓански организации на тема: Превенција на насилен екстремизам.
Семинарот има за цел да им овозможи на учесниците да го подобрат своето разбирање за превенцијата на насилен екстремизам. Преку овој настан учесниците ќе се запознаат со клучните концепти поврзани со насилниот екстремизам, фактори кои го поттикнуваат, инволвираните чинители, како и со различните превентивни мерки и успешни примери на превенција на насилен екстремизам. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22