Мадрид, 25. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Големо изненадување се случи синоќа во фудбалскиот Куп на Шпанија, откако Леганес го победи Реал Мадрид со 2:1 и го елиминира во четвртфиналната фаза.
Ниту победата на Реал во првиот меч на теренот на противникот (1:0) не му беше доволна да се пласира во полуфиналето и да ги задржи шансите барем за еден од двата престижни трофеја во шпанскиот фудбал.
Со голот на Хавиер Ерасо во 31.минута гостите најави изненадување. Карим Бензема на почетокот на второто полувреме изедначи, а конечниот резултат го постави Габриел во 55.минута.
Реал на овој натпревар настапи без Кристијано Роналдо и на Герет Бејл. (Крај)
извор: плусинфо фото:архива
Прочитано: 5