Индијан Велс, 9. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот рекет во женскиот тенис Серена Вилијамс го откажа учеството на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами, и на тој начин ќе и ја препушти првата позиција на ВТА листата на Анжелик Кербер.
Серена Вилијамс минатата година играше во финалето на турнирот во Индијан Велс, а оваа година се откажа од настапот поради повредата на левото колено и ќе загуби поени на ВТА листата.
Осовојувачката на 23 грен слем титули два пати триумфираше во Индијан Велс,додека во Мајами е 8-кратна шампионка.
Мастерс турнирот во Индијан Велс започнува денеска и ќе трае до 19.март додека турнирот во Мајами ќе се одржи во периодот од 20.март до 2.април. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 16