април 9, 2017

Рим, 9. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Серена Вилијамс, се одлучи да го пропушти Мастерс турнирот кој во наредниот период ќе се игра во Рим.

Американката која го освои победничкиот пехар на првиот сезонски Грен Слем во Австралија и го има второто место на ВТА листата, се определи да прескокне неколку турнири.

Според она што е објавено, Серена Вилијамс, ќе учествува на Мастерсот во Мадрид кој ќе се игра во периодот од 6. до 13 мај. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука