февруари 25, 2018

Флорида, 25. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најтрофејната тенисерка на сите времиња Серена Вилијамс го откри распоредот за оваа сезона, односно потврди на кои турнири ќе учествува во 2018 година.

По освоениот Австралија Опен пред една година, Серена се повлече од активното играње и од тогаш до денес не одиграла ниту еден официјален меч. Според нејзините најави на тенискиот терен ќе се врати на Мастерсот во Индијан Велс (8 март), а потоа ќе се натпреварува и на турнирите во Мајами, Мадрид и Рим, како и на Грен слем турнирите Ролан Гарос и УС Опен.

Најголемо изненадување е нејзината одлука да го изостави Вимблдон од распоредот, кој е турнир кој дефинитивно најмногу и лежи. Сепак, според американските медиуми во зависност од формата. во која ќе се наоѓа Вилијамс во тој период можно е да се премисли и да настапи на неофицијалното тениско Светско првенство. (Крај)

извор: Gol.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука