мај 10, 2018

Рим, 10. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешната светска тенисерка број 1, Серена Вилијамс се повлече од Италија опен следната недела, фрлајќи сомнеж на учеството на Францускиот опен на крајот на месецот

.

23-кратната освојувачка на Грен слем титули најпрво не се пријави во Мадрид, за вчера да потврди дека нема да биде дел и од Мастерсот во главниот град на Италија,Рим. Овој потег го става под знак прашалник нејзиното учество на вториот сезонски Грен слем турнир во Париз, Ролан Гарос.

По раѓањето на нејзината ќерка, Серена Вилијамс, една од најдобрите тенисерки на сите времиња, уште не е подготвена да се натпреварува на највисоко ниво.

Во тековната сезона, помладата од сестрите Вилијамс запиша две победи и два порази во Индијан Велс и Мајами. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука