Охрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 11 ученици од ОУ „Кочо Рацин“ добија сертификати за активно учество на Меѓународниот интернет проект „Мост дружбе 2017“ организиран од Јарославскиот центар за телекомуникациии во образованието.
– Истиот траеше три месеци и тоа во текот на септември, октомври и ноември 2017 година. Учениците Анабела Стефаноска, Стефанија Алачкоска, Андреј Јованчев, Андреј Милошески, Андреј Андриески, Сергеј Андрески, Андреј Маркоски, Наталија Димовска, Тео Николоски и Мартин Ристевски учествуваа во индивидуалната категорија графички работи, како тим Акции и мултимедиален проект, информира учителката Виолета Петковска од ОУ „Коцо Рацин“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 13