Охрид, 29. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве се вршеше асфалтирање на пристапни улици во село Подмоље.
– Асфалтирани се неколку пристапни улици со просечна широчина од 3 метри. Активностите се одвиваат во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, информираат од локалната самоуправа.
Финансиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 67