ноември 28, 2017

Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По супер-успешниот проект „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, тимот на „Тамаро“ и Супер радио продолжуваат понатаму во пресрет на новогодишните празници за кога имаме СУПЕР изненадувања со уште една атрактивна акција заедно со Франк.

Новиот проект е уште една атрактивна акција, во рамките на која ќе доделиме многу награди и ќе донесеме насмевки кај многу купувачи во охридските „Тамаро“ маркети.

drvofrank2– Станува збор за акцијата „Дрво на СРЕЌАТА“ со „Тамаро“ и Франк. Се` што треба да направите е да купите Франк чај со вашиот омилен вкус. На позадината на фискалната сметка напишете го Вашето име, презиме и контакт и ставете ја на нашето „Дрво на СРЕЌАТА“ кое е поставено во најблискиот „Тамаро“ маркет до Вас. Дрвото го красиме и награди добиваме, порачуваат од „Тамаро“ и додаваат дека наградната игра трае од 20-ти ноември до 20-ти декември.

drvonasrekata2Дополнително, за сите кои ќе бидат извлечени, секоја сабота во одреден „Тамаро“ маркет, во соработка со BoomerangMugs, кои изработуваат посебно украсени шолји, најсреќните купувачи во „Тамаро“ ќе имаат можност да добијат прекрасен и уникатен подарок.

– Идејата е да украсиме на лице место една шолја со некоја убава мисла, убава слика, пост или се` што ќе посакате, заедно со Франк. Станува збор за рачно испишана и нацртана шолја со текст по ваша желба. Се гледаме оваа сабота во „Тамаро“ маркетот на улицата „Асном“ во населбата „Бејбунар“, после 18:00 часот, вели Илија Богданоски од BoomerangMugs, кој секоја сабота на лице место ќе ги украсува шолјите.

Секоја недела ќе имаме и награди во живо на Супер радио, за вистинска подготовка за празниците кои се пред нас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука