јануари 13, 2017

Скопје, 13. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Над 300 микрограми на кубен метар од штетните честички ПМ10 покажаа речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина.

Студениот бран што ја зафати цела држава полека почнува да попушта, но загадувањето се враќа. Во последните десет часа, загадувањето во повеќето гради достигнува и до десет пати над дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар.

Денес најзагадени се скопските населби Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат. Во Битола загадувањето достигнало највисоко ниво синоќа во три часот по полноќ, со 808 микрограми на кубен метар од ПМ 10 честичките, додека утрово опаднало на 308. За Велес, пак, нема податоци, додека Кичево е со 110 микрограми на кубен метар. Високи концентрации на ПМ 10 има и во Тетово, односно 214 микрограми на кубен метар, слично како и во Кочани, каде загадувањето со ПМ 10 достигна до 276 микрограми на кубен метар.
Загадено е и во Кавадарци, каде во девет часот биле измерени 287 микрограми на кубен метар, а во Куманово 382. (Крај)

извор: Фактор фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука