Охрид, 20. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во склоп на натпреварите во училишната спортска лига, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта во спортска сала од ОУ „Св.Климент Охридски “.
Зедоа учество повеќе ученици во машка и женска конкуренција.
Најдобри во машка конкуренција беа учениците: Иван Велкоски од ОУ „Св.Климент Охридски“, кој освои прво место, второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство“ и Никола и Михаил Николовски од ОУ „Григор Прличев“. Трето место за учениците Михаил Рувинов од ОУ „Св.Климент Охридски“ и Антонио Достиноски од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти.
Забележителни резултати постигнаа и следните ученици: четвртото место за учениците Стојан Велкоски од ОУ „Братство Единство“ и Христијан Достиноски од ОУ „Живко Чинго“, петто место освоија Стефан и Јулиан Матески од ОУ „Григор Прличев“, Никола Целески ОУ „Св.Климент Охридски“ и Јане Димов од ОУ „Ванчо Николески“ –Лескоец. На шесто место беше ученикот Мартин Стојаноски од ОУ „Св.Наум Охридски“-Пештани.
Најдобри во женска конкуренција беа учениците: Снеже Змејкоска од ОУ „Св.Климент Охридски“ – прво место, Марија Буџакоска од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти – второ место, Елена Бакреска од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец освои трето место.
Забележителни резултати постигнаа и ученичките: четврто место за Теодора Ристеска од О У„Св.Наум Охридски “- Пештани, Климентина Модева и Викторија Змејкоска од ОУ „Св.Климент Охридски“. Петто место освоија Марија Маркулеска од ОУ „Живко Чинго“- Велгошти и Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“. Шестото место и припадна на Емилија Лушеска од ОУ „Братство Единство“ и седмо место Јана Спасеска од ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец.
Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во футсал за основни и средни училишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Сојуз Училишен спорт