Охрид, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид во соработка со СВР, Црвен Крст, Извиднички одред „Пионер“, детската градинка и основните училишта, вчера по повод Светскиот ден на здравјето, во паркот наспроти Центарот за култура, ги одржаа традиционалните спортски игри „Живеј здраво- Живеј безбедно“.
На игрите, заедно со извидниците од одредот „Пионер“, секое од основните училишта имаше своја екипа. Волонтерите од Црвен Крст презентираа техники за укажување прва помош, а најмладите од ЈОУ Детска Градинка „Јасна Ристеска“ цртаа мотиви поврзани со здравиот живот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
Прочитано: 21