Охрид, 16. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – На улица „Македонија“, денес, во организација на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот се одржа манифестацијата „Детски семафор“.
На натпреварот учество зедоа учениците од општинските основни училишта, а за прв пат оваа година гости беа учениците од училиштето „Јахја Кемал“.
Организаторите и учесниците ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, кој што им посака успешен натпреварувачки ден, но и понатамошен успех во регионалниот и државниот натпревар.
Оваа сообраќајно воспитна едукативна манифестација се организира во соработка со Републичкиот совет за безбедност сообраќајот. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 36