Охрид, 2. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Нискоградба“ изведуваат градежни активности за поставување на канализациска линија на крак од улицата „Илија Смически“ во селото Лескоец.
– Дожината на линијата изнесува 102 метри, а вредноста е 423.000 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21