Москва, 22. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Авионска компанија од Улјановската област во Русија објави натпреварување, на кое ќе се процени способноста на компанијата да продолжи со производство на транспортниот авион Антонов-124.
Нешто порано овој месец Русија веќе најави дека ќе продолжи со производство на мегаавионот Антонов Ан-124, кој е еден од најголемите, а можеби и најголемиот авион на светот.
Авиокомпанијата која го произведуваше Антонов основана е во Русија. Подоцна, во 1952 година компанијата е преселена во Киев и остана во Украина по распадот на Советскиот Сојуз.
Украинскиот произведувач на авионот Антонов, меѓутоа, соопшти дека понатамошната изработка на авионот без нивно учество е неприфатлива, бидејќи компанијата ги има сите права и целата документација за авионот.
Русија вели дека има право и дека новиот авион ќе биде значително модифициран, за да ги задоволи современите барања, како и тоа дека најверојатно ќе биде под нов бренд.
Сега, Aviastar-SP, бара партнер за да ја процени неговата способност за повторно да започнат со производство на овој авион.
Руски функционери истакнаа дека обновувањето на An-124 е изводлива задача.
– Ако зборуваме за продолжување на производството, ова е исклучително тешка, но решлива задача, изјави рускиот функционер Алексеј Рогозин.
Антонов-124 може да носи товар до 120 тони, на оддалеченост поголема од 4.500 километри и на висина до 10.000 метри. Авионот е долг 36 метри, а висок 4,4 метри. (Крај)
извор: Кајгана фото: архива