ноември 29, 2023

Охрид, 29. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денот на Републиката полни шест децении беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Се одбележуваше со неработни денови, свечени академии и училишни приредби во знак на сеќавање на годишнината од Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година, кога во Јајце беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а денот остана во историјата како датум на создавањето на новата Југославија.

29. novembar

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29-ти ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија, со што и формално е укината монархијата, а на 31-ви јануари 1946 година, донесен е првиот Устав на ФНРЈ.

Оттогаш, 29-ти ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ. Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укина со закон во ноември 2002 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука