февруари 6, 2018

Лондон, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Челзи во моментов не е ниту сенка од екипата која минатата сезона доминираше во Премиер лигата.„Сините“  на последните два натпревари во Премиер лигата примија дури седум гола, а на минатогодишниот херој на „Стемфорд Бриџ“, Антонио Конте сериозно му се тресе столицата.

По поразот од Борнмаут (3:0), вчера следуваше и катастрофа против Вотфорд (4:1) и така ги турнаа „Сините“ во амбиција каква што навивачите на оваа екипа ретко паметат.

Поминаа дури 23 години од кога Челзи доживеа два толку тешки, последователни порази во најелитниот ранг на англискиот фудбал. Челзи последниот пат успеа да доживеа два последователни порази со три (или повеќе) гола разлика, уште во октомври 1995. година, кога Манчестер Јунајтед ги совлада со 4:1, а Блекбурн со 3:0.

Работите да бидат уште полоши, екипата на Челзи игра исклучително недисциплинирано, па така Челзи оваа сезона заработи дури седум црвени картони, па само Гримсби Таун има повеќе исклучувања (8) во досегашниот дел од сезоната, кога станува збор за сите професионални рангови во Англија.

За домаќините вчерашата победа над Челзи беше прва по 14 неуспешни обиди, имено, Вотфорд последен пат го совлада Челзи уште далечната 1999. година. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука