мај 3, 2018

Охрид, 3. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на изборот на песна на Евровизија, Супер радио Ви ги презентира сите песни кои годинава ќе се борат за престижниот наслов, песната на годината во Европа.

– Супер радио во посебно уредени и информативни дневни дози, почнувајќи од вчера Ви ги презентира сите песни кои се во конкуренција за годинешното 63-то по ред издание на изборот за песна на Евровизија. Последните седум дена пред првата вечер ќе Ви презентираме по 5 или 6 песни од конкурентите за најдобра песна во Европа за оваа година, информираат од Супер радио и додаваат дека овие инфо-музички блокови можете да ги слушате секој ден во 09:30 часот наутро и во 15:30 часот.

Евровизија 2018 ќе се одржи во Португалија, која победи минатата година со изведувачот Салвадор Собрал и песната „Amar Pelos Dois“ со рекордни 758 поени. Натпреварот ќе се одржи во „Алтис Арената“ во Лисабон и ќе има три големи настани – двете полуфиналмни вечери, на 8-ми и 10-ти мај и финалето кое ќе се одржи на 12-ти мај 2018 година.

Оваа година 43 држави веќе го имаат потврдено своето учество на фестивалот, со што се изедначува рекордот од 2008 и 2011 година. Русија се враќа по едногодишно отсуство и за прв пат после 2011 година, нема држава која се откажала од учество. Слоганот за годинешното издание на Евровизија во Португалија е „All Aboard“, кој беше објавен на 7-ми ноември минатата година на прес конференција која се одржа во Лисабон. Овој дизајн ги опфаќа специфичностите на океанот во Лисабон и локацијата на Португалија на Атлантскиот океан и морската историја на државата.

Португалците ќе се погрижат да направат вистинско спектакуларно шоу во Лисабон. За таа цел за прв пат ќе имаме четири женски презентери и тоа Силвија Алберто, Филомена Каутела и Катарина Фуртадо, кои заедно со глумицата Даниела Руах ќе се обидат да внесат уште поголем гламур и убавина во настапите. Ова е прв пат после 2015 и втор пат воопшто, како водителите се од еден пол. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука