Скопјанец оштетил апарат во казино на улицата „Партизанска“, по што бил физички нападнат од лице од Охрид
декември 7, 2024

Охрид, 7. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми декември 2024 година, во 04:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, 29-годишно лице од Скопје, со рака оштетил апарат за видео лотарија по што, друго лице од Охрид, го повикало надвор од казиното и физички го нападнало.

– По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука