април 10, 2018

Скопје, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Првиот Дигитален самит за Западен Балкан ќе се одржи на 18-ти и 19-ти април во Скопје.

Ќе учествуваат шефови на влади од Западен Балкан, министри одговорни за дигиталната агенда од земјите на Западен Балкан и земјите  членки на Европската Унија (ЕУ) кои учествуваат во Берлинскиот процес, Европската комисија (ЕК), Советот за регионална соработка, претставници од ИТ-индустрии и бизниси, академици, млади, со цел да се реализираат видливи резултати кога станува збор за дигитална платформа за размена на идеи и предлози.

Министерството за информатичко општество и администрација и Владата ќе бидат домаќин на Самиот во Скопје, во соработка со Советот за регионална соработка, и другите влади од Западен Балкан, ЕК и Германското федерално министерство за економски прашања и енергија.

На самитот ќе има панел-дискусии за дигитално поврзување; интегрирање на економиите на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар; подобрување на сајбер- безбедноста; подобрување на дигиталните вештини; дигитализација на индустријата и интерактивни дискусии помеѓу владите, академиците, претпријатијата, иноваторите, граѓанските организации, младинските организации итн. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука