Слаткаристика и Тони Зен објавија нов заеднички сингл „Жими се“ (Видео)
декември 5, 2024

Охрид, 5. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако неодамна најавија заедничкиот концерт насловен „Спушти се доле“, на 5-ти април 2025 година, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, Слаткаристика и Тони Зен го објавија новиот сингл „Жими се“.

Станува збор за уште една одлична соработка на двајцата талентирани музичари, кои веќе имаат сериозно искуство зад себе. Тони и Слаткаристика зад себе имаат култни битови и хитови кои беа дел од музичкиот идентитет на една цела млада генерација.


За идната година и големиот концерт најавуваат вечер исполнета со многу енергија, хип-хоп химни и изненадувања што ќе ги спојат старите со новите генерации. На сцената ќе им се придружат и бројни специјални гости, со што се очекува многу забава и незаборавна вечер за сите посетители.

Слаткаристика и Тони во Охрид изминатово лето го снимија спотот за новата заедничка песна „Милион лета“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука