Охрид, 11. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најпопуларната светска социјална мрежа Facebook воведе измени во начинот на кој се појавуваат информациите на Вашиот News Feed.
Се` што треба да направите за да ги следите информациите на OhridPress е да ја одберете опцијата See First во секцијата Following на страната на порталот на Facebook и информациите ќе се појавуваат на Вашиот News Feed веднаш по објавувањето од страна на нашите администратори.
Порталот OhridPress е дел од групацијата на Супер радио и важи за еден од најчитаните и најрелевантните извори на информации за регионот на Охрид и Струга кај читателите од Охрид, но и многу пошироко. По тест периодот од скоро една година, официјално започна со работа на 17-ти февруари 2010 година.
Наскоро порталот ќе добие комплетен редизајн и сите пропратни сегменти, со кои ќе биде уште поблиску до своите читатели. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес