април 25, 2017

Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе организира советување на тема „Концептот на антидискриминација“ кое ќе се одржи од 29-31 мај, во хотел „Милениум“, Охрид.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационото подрачја Битола и Гостивар.

На советувањето свои излагања ќе имаат Павлина Зефиќ, адвокатка од Скопје и Бојана Велковска, судијка во Основниот суд Скопје 2 Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, треба да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: [email protected]. (Крај)

извор: Правдико фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука