Охрид, 5. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полската национална авиокомпанија LOT следната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид.
Според најавите од LOT, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24-ти јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23-ти септември.
Билетите за новата авионска линија се достапни за резервации преку веб-страницата на авиокомпанијата.
Аеродромот „Радом“ се наоѓа на 110 километри од центарот на Варшава. Поранешниот воен аеродром во 2015 година беше пренаменет за цивилна воздушна пловидба и опслужување комерцијални летови. (Крај)
извор: Тв Сител фото: архива
Прочитано: 21