Скопје, 25. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на официјалниот собир во хотел „Александар Палас“ со почеток во 16.30 часот, ќе се соберат репрезентативците во рамки на подготовките за Европското првенство во Хрватска.
Тие претходно, тренираа, но не беа комплетни. Овој пат се очекува да дојдат 19 ракометари додека двајца ракометари Филип Миркуловски и Филип Талески ќе пристигнат подоцна.Од собирот ќе отсуствува и селекторот Раул Гонзалез кој ќе пристигне во вторник поради божиќните празници.
За Хрватска се тргнува на 10. јануари, а Македонија во групната фаза ќе вкрсти со Словенија, Црна Гора и со Германија. (Крај)
извор: Дерби.мк фото: архива
Прочитано: 3