Охрид, 6. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од Здружението на граѓани „Совест“ утре на прес конференција ќе излезат со новости околу Али пашината џамија.
Оттаму најавуваат дека ќе обелоденат нови моменти околу нелегалните активности поврзани со џамијата.
Пред неколку дена од Здружението најавија дека ќе поднесат кривични против сите инволвирани во нелегалните градежни работи на Али пашината џамија во Охрид.
– Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно-инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија, а за тоа благовремено ќе ја известиме јавноста во наредните денови, додаваат од Здружението на граѓани „Совест“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива