Охрид, 30. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници, денеска ги одржаа 45 и 46 седница во новиот состав.
На 45 седница на дневен ред беа советнички прашања, на кои преовладуваа теми од урбанистичката и инфраструктурната област.
Во продолжение беше одржана и 46 седница, на која беа усвоени повеќе одлуки за легализација на бесправно изградени објекти, а беа избрани и нови членови во повеќе комисии од различни сектори на општинската администрација. На оваа седница беше усвоена и програмата за организирање и функционирање на службата за зимско одржување на патиштата и улиците за периодот, октомври 2024-октомври 2025 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 27