јули 8, 2019

Нешвил, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Фудбалерите на Мексико се шампиони на Северна и Средна Америка. Мексиканците во финалето на Голд купот, во Чикаго, со 1:0 ја совладаа селекцијата на САД.

Американците на домашен терен не успеаја да ја одбранат титулата и останаа на шест трофеи на Голд купот. „Сомбрероси“ од друга страна го издржаа притисокот, постигнаа еден гол и ја освоија 11 титула во КОНКАКАФ.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 73 минута кога асистенцијата на Раул Хименез во гол ја претоври Џонататн дос Сантос.

Мексико од клупата го предводеше поранешниот тренер на Барселона Тата Мартино, за кого ова е прв меѓународен трофеј. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука