март 17, 2017

Охрид, 17. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 14 степени.

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови од земјата повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура во сабота ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 14 до 20 степени.

Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука