Струга, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На раскрсницата од улиците „Маркс и Енгелс“ и „ЈНА“ во Струга, вчера околу 17:50 часот се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
– Во незгодата учествуваа 45-годишниот В.Р., кој управувал возило „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки, кој удрил во пешакот, 37-годишната С.Н. од Струга. Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила С.Н, која била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 13