Струга, 14. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна несреќа во која настрада едно лице се случи во близина на струшкото село Враништа околу 17:30 часот.
Автомобил од до овој момент непознати причини удрил во жена, јави порталот ОхридНет.
Повредената била итно префрлена во струшката болница, каде им подлегнала на повредите.
Увид на лице место изврши полицијата, а дополнително ќе се утврдуваат причините и околностите под кои се случила несреќата. (Крај)
извор: ОхридНет фото: архива
Прочитано: 7