Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево кај Подмоље, повредени три лица
ноември 19, 2024

Охрид, 19. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на Подмоље, општина Дебрца, утрово во 09:30 часот случена е сообраќајна незгода во која три лица се здобиле со телесни повреди.

– Незгодата се случила помеѓу патнички моторни возила марка „Пасат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 37-годишно лице од струшкото село Корошишта и возило „Тигуан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 26-годишно лице од селото Лабуништа. Притоа, возачите на двете возила, како и едно малолетно лице, кое било сопатник во првото возило, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука