Охрид, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Ш.Р. од Охрид, вчера, околу 05:30 часот излетало од магистралниот пат Охрид-Кичево и се превртело.
– Притоа, сопатникот во возилото, 67-годишниот А.Б. од Охрид се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 26