март 18, 2018

Охрид, 18. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Уште од рано утрово се работи на расчистување на ѓубрето и основна санација на штетите кои настанаа по големото невреме, проследено со силен јужен ветер и дожд, кое вчера го погоди регионот на Охрид.

– Се работи на терен уште од утрово, некаде од 05:00 часот. Излезени сме на терен со комплетна механизација и до овој момент се подигнати над 70 м3 отпад, изјавија одговорните утрово за Супер радио и OhridPress.

ohridnevrememart2 ohridnevrememart3Синоќа беше итно свикана и седница на Кризниот штаб, предводена од Градоначалникот Јован Стојаноски, при што беше направена првична анализа на штетата и биле договорени насоки за делување. Силниот ветар, кој дуваше со брзина од над 90 километри на час, предизвика штета на повеќе места на крајбрежјето на Охрид. Нивото на Охридското Езеро вчера беше на  693,78 метри, односно на 3 сантиметри над дозволената кота од 693,75 метри. Силниот ветер од над 90 километри на час, предизвика бранови во висина од 120 сантиметри. Противпожарната единица вчера имаше осум интервенции на паднати оџаци, а најголеми оштетувања беа регистрирани на крајбрежните објекти на потегот од Канео до градскиот плоштад.

ohridnevrememart4 ohridnevrememart5 ohridnevrememart6Метеоролозите и за денес најавуваат локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

– Денес и утре на места врнежите ќе бидат пообилни. Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд, информираат од УХМР.

Погледнете како изгледаше невремето вчера преку ова видео, објавено на YouTube.
извор: ОхридПрес фото: архива видео: Balkanoholik

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука