април 10, 2018

Охрид, 10. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – По којзнае кој пат на дело покажана нашата ниска култура и грижа за наследството.

Фурната која се наоѓа во близина на хотелот „Гранит“, а за која се смета дека потекнува од античко доба е исцртана со графити.

За оваа фурна, која се наоѓа покрај самиот пат Охрид – Св.Наум, во јавноста многу малку се знае. Според кажувањата на археолозите, истата на тогашните жители им служела за печење на најразлични садови што ги употребувале. Многу години се поминати од нејзината последна заштита, па на неа е видливо дека забот на времето си го прави своето.

Ги исконтактиравме и надлежните од НУ Завод и музеј Охрид, кои рекоа дека нивни стручни лица ќе направат увид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука