Струга, 14. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 41-годишната Х.М. од селото Радолишта за сторено кривично дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
– На 7-ми овој месец, во село Радолишта, во домот на 70-годишната Ј.Х., при караница помеѓу пријавената и нејзиниот сопруг, син на Ј.Х., истата по упатени закани физички го нападнала Ј.Х., и со нож го расекла во пределот на главата и челото, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 23