Охрид, 14. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, околу 17:15 часот во Охрид, дошло до меѓусебна расправија помеѓу 55-годишниот А.Х. од Охрид и неговиот роднина, 60-годишниот У.Х.
– Лицето А.Х. со нож го прободел У.Х. во пределот на раката и главата. Повредениот бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар – Скопје, додека А.Х бил приведен во СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 7