јуни 16, 2018

Охрид, 16. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денес завршува детскиот креативен камп за музика, сцена, лично и тимско усовршување, кој се реализира под водство на Дејан Лилиќ, Андријана Јаневска и Сони Петровски.

Учество зедоа голем број деца кои се запознаа со теми кои не се третираат во голема мера во редовниот образовен процес. Беа опфатени: правилното дишење, артикулација, изговор, трема и како да се справите со трема, сцена и однос кон публика, соло пеење, пеење во група, темпо, ритам, динамика, однос кон микрофон и подигнување на личен и тимски дух.

Тридневниот камп, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција, ќе биде заоружен со учество на младите ученици на фестивалот „Детски свет“, кој ќе се одржи денес на малиот плоштад пред ТЦ „Амам“, од 10:00 до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука