јануари 20, 2018

Охрид, 20. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денеска, на празникот Свети Јован Крстител, свечено се одбележа Денот на рибарите во Охрид.

Ниту врнежливото време не ги спречи големиот број охриѓани, но и посетителите од други места, со чашка греана ракија во рака, да уживаат во музиката на ансамблот Бијлана Јуниор и Благица Павлоска.

dennaribarite

blagicapavloska

dennaribarite3

И овојпат ја имаше традиционалната рибна чорба, која ја подготвија професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, а на специјалните штандови се служеа пача и плашици, греано вино и ракија.

kazan corba

Освен за присутните граѓани дел од рибната чорба беше распределена на семејствата со социјален ризик во Охрид, лица со хендикеп и на стари лица.

Охриѓани по традиција, за здравје, се искапија во езерските води заедно со тајфата на овогодинешниот фаќач на Светиот крст, Иван Лотески.

ribarikapenje2

На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се сушат, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите.

ribarikapenje

Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила. Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука