јануари 3, 2018

Охрид, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со јануарската сметка ќе почне да важи обврската за сите корисници на вода на територијата на Општина Охрид да плаќаат дополнителен фиксен надоместок во висина од 70 денари.

Првиот човек на МЈП „Проаква“, Р.Е. Водовод – Охрид, Владимир Алексиески, вели дека ваква одлука била донесена согласно законот за утврдување цени на водни услуги и решение на Регулаторната комисија за енергетика.

– Фиксниот надоместок ќе го плаќаат сите физички лица без разлика дали се редовни, викенд станови или неактивни броила, рече Алексиески.

VladimirAleksieski

За правните лица, фиксниот надомсток ќе изнесува 100 денари.

Што се однесува пак до цената на водата има корекција од 0,02 денари, па од досегашните 25,50 денари, цена утврдена во 2001 година, сега ќе се плаќа 25,52 денари за метар кубен потрошена вода. За правните субјекти кубик вода ќе чини 39,20 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука